Бразил стартуваше со „петарда“ во квалификациите за СП 2022, а Нејмар не даде ниеден гол (Видео)

Бразил на убедлив начин тргна во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство 2022 година во Бразил. На свој терен, Кариоките со 5:0 ја растурија Боливија, во меч на кој гостите едноставно предвреме беа „осудени“ на пораз.

Домаќините започнаа офанзивно со формација 4-3-3, а Боливија сакаше да се врани со 4-5-1, што се покажа како кобно.

Уште во првите 30 минути Бразил со головите на Маркињос и Фирмино стигна до комотна предност. Во вториот дел повторно погоди Фирмино, а прецизен беше и Кутињо, додека еден погодок е автогол на гостите, за убедливи 5:0 на крајот за Бразил.

Без проблеми на стартот беше и Колумбија која на свој терен со 3:0 славеше против Венецуела. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме и сите беа дело на играчи кои го носат дресот на Аталанта. Два погодоци даде Муриел, а еднаш прецизен беше Запата.

https://youtu.be/R-FWm2TKbM4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести