Бразил веќе е во нокаут фазата, гази како во најдобрите денови (Видео)

Бразил без многу мака, со убедливи 4:0 го победи Перу во меч од второто коло на Копа Америка. Домаќините на јужноамериканскиот континентален турнир поведоа со голот на Алек Сандро во 12 минута, а потоа во вториот дел целосно го скршија отпорот на противникот.

Нејмар зголеми на 2:0 во 68 минута и сега капитенот на Бразил е само на девет погодоци до израмнување на неверојатниот рекорд на легендарниот Пеле, кој со 77 погодоци во 92 меча е најдобар во историјата на Кариоките.

Во финишот на средбата Бразил даде уште два гола. Рибеиро погоди за 3:0 во 89 минута, а во судиското надополнување прецизен беше и Ричарлисон. По два меча на Копа Америка, Бразил има максимални 6 бода и седум дадени погодоци, а ниту еден примен.

Кариоките се во одлична низа од девет победи по ред, од кои последните шест се без да примат погодок.

Во вториот меч од оваа група, Колумбија и Венецуела одиграа без голови, па сега Колумбија има четири поени, а Венецуела се израдува на првиот бод.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести