Бразилска фешта пред финалето на Судамерикана купот (Видео)

Бразилските навивачи покажаа дека воопшто не заостануваат зад своите колеги од Аргентина. Откако речиси еден месец гледавме што прават фановите на Ривер плејт и Бока јуниорс и како ги бодрат своите миленици, сега дојде редот и на Бразилците.

Вечерва се игра реванш-мечот од финалето од Судамерикана купот, а Атлетико Паранаенсе е домаќин на Жуниор од Колумбија. Првиот меч заврши 1-1.

Погледнете каков пречек добија фудбалерите на Атлетико на патот кон стадионот каде што треба да се дознае освојувачот на трофејот во второто по ранг натпреварување во Јужна Америка.

- Оглас -

Најнови вести