Бразилскиот ас има опасен проблем – Потврдена му е казната од 9 години затвор

Бразилскиот ас Робињо има големи проблеми откако Апелациониот суд во Италија му ја потврди затворската казна од 9 години за случајот со силување во 2013 година во кафуле во Милано.

Со Робињо девет години затворска казна треба да отслужи и неговиот пријател Рикардо Фалко ако судот не ја прифати жалбата што ја најави адвокатскиот тим на Бразилците.

Денеска во судот во Италија не беше присутен Робињо, ниту Фалко и уште четворица нивни пријатели кои добија помали казни, а учествувале според обвинението во групното силување на тогаш 23-годишна девојка од Албанија.

Во тој период Робињо играше за Милан, а првпат беше обвинет во 2017 година. Процесот се одолговлечи, па дури денеска на втората инстанца казната од 9 години затвор за фудбалскиот ас е потврдена.

Робињо во 2017 година изјави дека е невин и дека не учествувал во никакво силување, но судот во Италија пресуди поинаку од тврдењата на сега веќе 36-годишниот фудбалски ас.

 

- Оглас -

Најнови вести