Бразилскиот репрезентативец си оди од Ливерпул

Играчот за врска на Ливерпул, Фабињо најверојатно ќе го напушти англискиот гигант. Тој беше изоставен од екипата која замина на подготовки во Германија.

Бразилскиот репрезентативец има понуда од Саудиска Арабија. Екипата на Ал-Итихад нуди 40 милиони фунти на Ливерпул за трансфер, плус одлична плата за фудбалерот.

Фабињо кој има 29 години, е еден од најважните играчи на Ливерпул во ерата на Јирген Клоп. На „Енфилд роуд“ дојде во 2018 година и вкупно одигра 219 мечеви во кои успеа да се радува на титулите во Премиер лигата, Лигата на шампиони, ФА Купот, Лига Купот и Суперкупот на Европа. Има постигнато и 11 голови во дресот на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести