Бразилците го однесоа Јунајтед во осминафиналето во ФА Купот (Видео)

Екипата на Манчестер Јунајтед е седмиот учесник во осминафиналето на најстарото англиско натпреварување, ФА купот, откако вечерва на „бразилски погон“ го совладаа Рединг со 3:1.

По првото полувреме во кое беше поништен голот на Маркус Рашфорд, Црвените ѓаволи, во вториот дел успеаја да дојдат до убедлив триумф.

Резултатот го отвори Каземиро во 54-та минута кога по асистенцијата на сонародникот Антони го лобуваше Џо Ламли. Само четири минути подоцна, Каземиро со одличен шут од 30-тина метри погоди за 2:0.

Во 66-та минута, на сцена стапи уште еден Бразилец, Фред, кој по додавањето од Бруно Фернандеш, мајсторски со пета погоди за 3:0. Почесниот гол за Рединг го постигна Амаду Мбенге.

https://twitter.com/i/status/1619447268867973120

Пласман во осминафиналето обезбедија и Тотенхем, Саутемптон, Лестер, Лидс како и Бристол Сити.

- Оглас -

Најнови вести