Младиот 16-годишен фудбалер Естевао Вилијан, кој блеска на Светското првенство до 17 години, е новиот миленик на бразилската јавност, која го нарече Месињо, како комбинација на Лионел Меси и Роналдињо.
На СП до 17 години, Бразил на стартот доживеа шокантен пораз од Иран од 2:3, но потоа ја совлада Нова Каледонија со 9:0. Вилијан, кој игра за Палмеирас, за 59 минути игра постигна еден гол и имаше три асистенции.
Европските гиганти веќе започнаа борба за неговиот потпис, ПСЖ веќе понуди 50 милиони евра отштета, а интерес пројавуваат и Манчестер сити, Реал Мадрид, Милан…
Но, Вилијан упорно ги одбива гигантите бидејќи по Палмеирас сака да игра само за еден тим, Барселона. Тоа го знае управата на каталонскиот тим и се подготвува за идното лето, кога планира да тргне по неговиот потпис.