Бразилците се шокирани: Големото ривалство со Аргентина заврши пред да почне Мундијалот

Бразилците спроведоа анкета пред стартот на Мундијалот во Катар и се шокирани од поддршката што вечниот ривал Аргентина ја има во нивната земја.

Дури 30 проценти од анкетираните ќе навиваат за Лионел Меси и Аргентина да ја освојат титулата во Катар.

Бразил ја брка рекордната шестта светска круна, а изненадување е што само 1 посто од анкетираните ќе навиваат против Аргентина, која е вечен ривал на Кариоките не само во фудбалот, туку во сите спортови.

Порано „омразата“ беше огромна, но очигледно веќе не е така, па има доста Бразилци што ќе навиваат за Аргентинците.

Второто место не е изненадување, а голема поддршка има и Португалија.

Дури 24 посто од анкетираните ќе навиваат за Кристијано Риналдо и компанија на Светското првенство во Катар.

Тоа и не е неочекувано, бидејќи Португалците го имаат прекарот Европските Бразилци поради сличноста и поради сличниот стил на игра.

Најомразена селекција според анкетата на Бразилците им е Германија. Против популарниот „Маншафт“ ќе навиваат дури 21 процент од жителите на најтрофејната фудбалска нација.

Очигледно се уште ги пече поразот на домашен терен од Германија со 1:7 на Мундијалот во 2014 година што е најтешкиот пораз на Бразил по сите параметри на фудбалската историја.

Тука веројатно е и стравот дека со освојување на светската круна Германија би се израмнила со Бразил на врвот на вечната листа со по пет пехари.

Бразил има пет титули светски првак и е рекордер, а во првата фаза од Мундијалот во Катар ќе игра против Србија, Камерун и Швајцарија.

Аргентина двапати беше светски првак, но Лионел Меси нема светска круна, а во првата фаза Гаучосите ќе се судрат со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.

Португалците се надеваат на подвиг и на прво мундијалско злато, а на стартот од шампионатот ќе играат против селекциите на Гана, Уругвај и Јужна Кореа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести