Бразилците во шок, Нејмар може да го пропушти целиот Мундијал

Најголемата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Бразил, Нејмар, може да го пропушти целиот Мундијал во Катар иако првично беше најавено дека ќе ја прескокне само групната фаза.

Нејмар на првиот натпревар на СП во Катар против Србија заработи повреда на зглобот на ногата и иако беше најавено дека тој ќе мирува една седмица, лекарскиот тим на Бразил стравува дека повредата не е толку наивна. Тие се сомневаат дека фудбалерот на ПСЖ потешко ги оштетил лигаментите на ногата и прашање е дали ќе успее да закрепне навреме за да заигра во Катар.

Бразил утре против Камерун го завршува настапот во групната фаза, а натпреварот во осминафиналето ќе го игра на 5 или на 6 декември, зависно од пласманот во групата Г.

Нејмар не е единствениот што му задава главоболки на лекарскиот тим на Кариоките, Данило, кој ќе го пропушти утрешниот натпревар, би требало да биде подготвен за настап во осминафиналето. Покомплицирана е ситуацијата со Алекс Сандро и тој е неизвесен и за првиот натпревар во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести