Бред Пит му е малер на Новак Ѓоковиќ: кога тој го гледа во живо, Србинот губи финалиња!

Новак Ѓоковиќ го загуби финалето на Вимблдон од Карлос Алкарас и замина на летување во Црна Гора, а српскиот тенисер можеби во иднина треба да го замоли актерот Бред Пит да не доаѓа на неговите финалиња на грен-слемите.

Навивачите на Новак бараа причини за поразот на Србинот од младиот Шпанец, а некои сметаат дека „малерот“ е 59-годишниот американски актер. Еден од најпознатите холивудски глумци му носи лоша среќа на Новак, бидејќи во живо ги гледаше последните два порази на Ѓоковиќ во финалињата на грен-слемите.

Бред Пит кој е фан на Ѓоковиќ, беше на трибините и во финалето на САД опен во 2021 година, кога популарниот Ноле беше поразен од Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести