Ниту еден од кошаркарите на Реал не сакаше да проба баклава по пласманот во финалето на Евролига (Видео)

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Европа, Реал Мадрид ќе игра уште едно финале во Евролигата, откако синоќа без многу проблеми со 105:90 ја победи Валенсија во полуфиналната пресметка од фајнл-форот. Голем предизвик ќе имаат Кралевите за да се најдат на тронот на Европа, затоа што во утрешното финале ќе мора да го победат Олимпијакос и тоа сред Атина, што значи дека грчката екипа практично ќе игра пред своите навивачи.

По завршување на мечот, додека кошаркарите на Реал Мадрид заминуваа кон соблекувалната, беа пречекани од една од најпопуларните спортски новинарки во Турција, Дениз Аксој која им поннуди да пробаат од традиционалниот турски благ специјалитет популарната баклава.

Аксој на сите по ред им нудеше од баклавата, дел од играчите само поминаа покрај нејзе, дел се замислија дали треба да земат, но на крајот ниту еден од нив не проба од баклавата.

На крајот, самата новинарка покажа како таа ужива јадејќи ја баклавата која ја пропуштија кошаркарите на Реал Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deniz Aksoy (@denizzaksoy)

- Оглас -

Најнови вести