Брегалница и Шкендија се во одлична форма, но заборавија да даваат голови на меѓусебните дуели и квотите се одлични да продолжат во ист ритам

Екипите на Брегалница и Шкендија денеска од 16 часот го отвораат новото 28 коло во Првата фудбалска лига.

Шкендија влезе во победнички ритам кога е најпотребно, во финишот од сезоната и нанижа пет триумфи по ред со што се искачи на второто место на табелата. Во одлична форма е и Брегалница која нема пораз во пролетниот дел од сезоната, штипјани имаат по четири победи и ремија годинава и се наоѓаат на петтото место на табелата.

Интересно е што последните три натпревари завршиле со идентичен резултат, тој најнепопуларниот 0:0, а последен пат гол бил постигнат пред две години кога Шкендија славела со 1:0 на домашен терен.

Квотата дека ќе има 0-1 гол на натпреварот во Sport Life изнесува 2,70, додека таа дека ќе има најмногу два гола е 1,52.

- Оглас -

Најнови вести