Брехер чести, Милик мести, а Инсиње си искористи (Видео)

Голманот на Цирих, Јаник Брехер направи голема грешка во 12-тата минута на „Лецигрунд арената“ и му овозможи на Лоренцо Инсиње без многу мака да му донесе предност на Наполи во меч од Лигата на Европа.

Реакцијата на Брехер беше катастрофална, а со помош на Аркадјуш Милик казни Инсиње со водечки гол за гостите од Неапол. Шокот кај домаќините се дуплираше само по девет минути, а повторно рутински примија уште еден погодок, но во 21-вата минута стрелец беше Калјехон.

https://www.youtube.com/watch?v=9dTmdIWw_Lk

- Оглас -

Најнови вести