Брејк за Бостон, Ајкулите затрупани во лавина

Бостон бруинс дојде до брејк на второто гостување кај Колумбус блу џекетс по победата од 4-1. Во полуфиналната серијата од Источната конференција повторно се започнува од „нула“, а со оглед на тоа дека победник нема лесно да се издвои, се најавува мајсторка.

Утнатиот пенал на Јенер во моменти кога Бостон водеше со 1-0 се покажа како клучен. Од тој момент домаќините како да ја загубија самодовербата, што им овозможи на Бруинс да најават голема победа. Панарин го постигна почесниот гол за Колумбус, додека гостите ги решија сите дилеми во последниот период со двата погодоци на Курали и Бергерон.

Бостон во следниот меч игра на домашен терен и ќе има добра шанса да ја сврти серијата во своја корист.

До израмнување на 2-2 во серијата дојде и Колорадо против Сан Хозе шаркс, откако Авеланш славеше со убедливи 3-0 во четвртата пресметка. Ајкулите немаа идеја како да го совладаат расположениот голман Филип Грубауер, кој запиша 32 одбрани и сочува празна мрежа. За победата по еднаш погодија Меккинон, Вилсон и Јонсон.

Серијата сега се враќа во Сан Хозе, Шаркси имаат шанса за поправен и пред своите навивачи да го направат клучниот чекор кон пласман во конференциското финале на Западот.

- Оглас -

Најнови вести