Ливерпул најмногу му се радува на Брентфорд, Лидс и Алиоски нека му ја мислат (Фото)

Англичаните потсетија на историјата по денешната голема победа на Брентфорд против Свонси во финалето од баражот за пласман во Премиерлигата што им донесе на популарните Пчели нов настап во елитната лига по пауза од цели 74 години.

Брентфорд беше англиски прволигаш за последен пат во сезоната 1946/47 и сега за првпат ќе играат во Премиерлигата, која е формирана во 1992 година.

Во сезоната пред 74 години Брентфорд испадна со 25 бода како препоследен тим на табелата во конкуренција на 22 состави. Последен беше Лидс со 18 бода, па ако историјата се почитува Езџан Алиоски, ако остане во Лидс и неговите соиграчи ќе треба да внимаваат во идната сезона.

Првак во сезоната 1946/47 беше Ливерпул со 57 бода, по едне повеќе од Манчестер јунајтед и од Вулверхемптон. Тогаш во Дивизија 1 како што се нарекуваше најсилната англиска лига играа и Гримзби, Стоук, Престон, Сандерленд, Мидлсбро, Портсмут, Дерби, Блекбурн, Болтон, Чарлтон и Хадерсфилд, екипи кои сега не се дел од Премиерлигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести