Брентфорд не знае за пораз од „големите“ во Англија

Новајлијата во Премиерлигата, екипата на Брентфорд успеа да остане непоразен против Ливерпул во меч од шестото коло, кој заврши со резултат 3:3.

Откако пред неколку кола успеаја да го победат Арсенал со 2:0, Брентфорд сега со гол во 82. минута и тоа преку Јоан Виса кој влезе неколку мигови порано, успеа да му „откине“ два бода на великанот од „Енфилд“.

Етан Пинок донесе голема радост на „Комјунити Стадиум“ во Лондон, но, тоа како да им донесе мотив плус на „црвените“ кои со головите ја Жота (31′) и Салах (54′) направија пресврт и поведоа со 1:2.

Новото израмнување дојде преку Витали Јанелт во 63. минута, додека неколку моменти подоцна, Куртис Џонс „стрелаше“ за ново водство на гостите.

Како што напишавме погоре, конечните 3:3 беа дело на Јоан Виса. Со ова реми, Брентфорд сега има 9 бода и е деветти, додека Ливерпул е на првото место со 14.

- Оглас -

Најнови вести