Брестовац ги наброја 20-те патници за Виена и кажа што е најголемата мана

Данило Брестовац, селекторот на ракометниот национален тим, смета дека проблем на ЕП може да биде што некои од играчите имаат само епизодни улоги во своите клубови, а кажа и кои 20 ракометари ќе ја претставуваат Македонија на континенталниот собир.

„Дел од играчите имаат епизодни улоги во своите клубови, имаат мала минутажа. Тоа е наш недостаток бидејќи на тие играчи им е проблем да одиграат во висок ритам на повеќе меча во краток период. На контролите против Словенија и Црна Гора ќе видиме колку може да испрофитираме од Кузмановски и Талески. Не смееме да не залаже победата против Романија. Мора уште повеќе да работиме, тие што беа дел до Трофеј Карпати, треба да сфатат дека сега треба уште повеќе да работат и да се докажуваат“, изјави Брестовац.

Ова е македонскиот состав кој ќе настапи на ЕП 2020: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски, Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Мартин Серафимов, Мартин Велковски.

- Оглас -

Најнови вести