Брестовац повика 19-мина ракометари за дуелите против Исланд

Македонската ракометна репрезентација во понеделник (8 април) ќе го има собирот, пред двата многу важни дуели од квалификациите за Европското првенство кое се игра следната година. Селекторот Данило Брестовац објави список од 19-мина ракометари.

Првиот меч го играме на гости на 10 април, а возвратниот меч е на 14 април во Скопје. По две одиграни кола, Македонија има една победа (против Турција) и пораз од Грција, додека Исланд е со максимални четири бода. Првопласираните две селекции на табелата ќе обезбедат место на завршницата на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести