Бретања е на нозе, нека му биде симфонија дебито на Рен во ЛШ (Видео)

Рен за првпат во клупската историја ќе игра во Лигата на шампионите, а на интересен начин симфонискиот оркестар на Бретања им посака среќа на дебито вечерва против Краснодар.

На „Роажон парк“ конечно ќе стигне луксузот од елитната Лига на шампиони, па најавата беше со химната на ова натпреварување во изведба на познатиот оркестар од Бретања.

Рен е првиот клуб од познатиот регион во Франција што ќе игра во ЛШ по пауза од 25 години. Нант е последниот клуб што настапи во луксузното натпреварување и во сезоната 1995/96 стигна далеку, до полуфиналето.

Во двомеч со Јувентус, популарните Канаринци беа елиминирани со вкупен резултат од 4:3, а потоа Старата дама стана и европски првак со победа против Ајакс во финалето.

Во Рен би биле пресреќни дебито да биде во стилот на локалниот ривал од Бретања, а од 21 часот вечерва против Краснодар ќе се обидат да најават дека имаат квалитет за успешен настап, за нив историски во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести