Брилијантната тинејџерка од Атланта ќе игра две финалиња на Ролан Гарос и испрати моќна порака (Видео)

Кори Гоф, или попозната само како Коко игра брилијантно на Риолан Гарос и тинејџерката која е родена во 2004 година ќе игра две финалиња на престижниот гренслем во Париз.

Утре ќе и се спротивстави на шампионката од 2020 година, Ига Швјонтек во поединечна конкуренција, а потоа во игра на двојки со Џесика Пегула ќе игра и во женски двојки за титулата.

Токму по победата во двојки денеска против сонародничките од САД, Кијз и Таунсенд со 2:0, 18-годишната Гоф испрати моќна порака.

„Мир. Нека заврши насилството со оружје“, напиша Коко на камерата по полуфиналниот меч во женски дубл.

Досега играше во едно финале на гренслем турнирите, лани во Њујорк на САД опен и загуби во тандем со Кети Мекнели од Саманта Сосур и Шуаи Џенг со 1:2 во сетови.

Сега блеска во Париз и може да си замине со два пехари, тој во сингл и во женски двојки.

 

- Оглас -

Најнови вести