Британка освои олимписко злато по 33 години откако тоа го стори и нејзиниот татко

Олимписките игри раскажуваат секакви интересни спортски приказни, а една од нив е за семејството Мекинтаер, кое е врзано за едрењето. Денеска во Токио златен медал во едрење 470 освои Еилид Мекинтаер, а во истиот спорт златен олимписки медал има освоено и нејзиниот татко Мајкл, на ЛОИ во Сеул во 1988 година. Тогаш Еилид не беше родена, но подоцна гледаше снимка од настапот и тоа го искористи како инспирација и мотивација.

Еилид во Токио беше во тандем со Хана Милс, која стана најуспешна Британка во историјата на едрењето, со две олимписки злата и едно сребро во овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести