Британска новинарка со една фотографија покажа зошто Ѓоковиќ не игра на САД опен (Фото)

Последниот тениски гренслем во сезоната, Отвореното првенство на САД ќе почне утре, без 21-кратниот гренслем шампион Новак Ѓоковиќ, што се уште е предмет на дебата.

Има многу поддржувачи на српскиот тенисер, кој не игра поради тоа што не е вакциниран, иако Комисијата за следење и превенција на заразни болести во САД донесе одлука да бидат симнатисите Ковид мерки за влез во земјата.

Целата процедура се одолговлекуваше и Ѓоковиќ нема да игра во Њујорк, а интересен пост има познатата британска новинарка Софи Коркоран, која брзо и едноставно со една фотографија објасни зошто Ѓоковиќ не игра на САД опен.

https://twitter.com/sophielouisecc/status/1563503749624393730?s=20&t=YmZtBXbd34wUomMVugdM3w

 

Еден од спонзорите на гренслемот во Њујорк е и компанијата Модерна, производител и дистрибутер на вакцините за Ковид-19.

Ѓоковиќ е невакциниран, го претставија како симбол на антиваксерите и според Коркоран јасно е зошто Србинот не игра, иако во САД моментно важи правилото дека и вакцинираните и невакцинираните имаат ист третман при влезот во земјата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести