Британската влада попушти, „Вембли“ ќе биде како во старите добри времиња

Британската влада одлучи да го зголеми бројот на дозволени места за седење на стадионот „Вембли“ за време на двата полуфинални дуели и за финалето на Европското првенство. На трибините ќе биде дозволено да присустуваат над 60.000 гледачи, што значи дека стадионот ќе има исполнетост од 75 отсто.

„Тоа е одлична вест. Голем број навивачи ќе имаат можност во живо да ги следат последните три меча од ЕП“, вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Владата на Велика Британија не попушти и нема да ги намали мерките воведени поради корона-вирусот сè до 19 јули, но, сепак, дозволи да има зголемен капацитет на решавачките натпревари на Европското првенство.

Претходно постоеше шпекулација дека доколку Лондон не ги олабави мерките и не биде дозволен поголем број навивачи за полуфиналните средби и финалето, завршницата да се префрли во Будимпешта, каде што на стадионот „Ференц Пушкаш“ имаше спектакуларна атмосфера и преполни трибини.

- Оглас -

Најнови вести