Бриж ќе го „збрише“ Сент Трујден, Арминија нема да загуби од Бохум

Бохум – Арминија Билефелд (18.30 часот)

Бохум во првото коло на гости загуби од Регензбург, а Арминија истотака гостуваше, и одигра 1-1 кај Сент Паули. Затоа, двата тима ги посакуваат своите први три бода сезонава. Бохум дома има само една победа на последните шест меча, а Арминија има подобри резултати на гости, отколку дома, и доби три од последните пет гостувања.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Х2 & ГГ (2.35)

 

Клуб Бриж – Сент Трујден (20.30 часот)

Во минатата сезона, Бриж беше најефикасен тим во белгиската лига, а ефикасни беа и во подготвителниот период. Кога се меѓусебните дуели на овие тимови во прашање, особено кога Бриж е домаќин, се гледа целосна доминација. Бриж е неприкосновен и затоа сметаме дека домашните ќе водат и по првото полувреме и победата ќе биде со „хендикеп“, со повеќе од еден гол разлика.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1-1 & Н1 (2.30)

 

Лутон – Мидлсброу (20.45 часот)

Новакот во Чемпионшип, минатата сезона во Лига 1 ја заврши како убедливо најефикасен тим, и мотивите против некогашниот премиерлигаш ќе им бидат големи. Искуството е на страната на Мидлсброу кој минатата сезона за малку не влезе во плејофот за влез во Премиерлигата. Овие тимови не се сретнале меѓусебе уште од 1995 година.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1+I & 3+ (2.35)

 

Цволе – Вилем Втори (20.00 часот)

Нема да му биде лесно на Вилем да го совлада Цволе, и да ја продолжи серијата која сега е три победи по ред во меѓусебните дуели со овој ривал. Прво коло е, напнатоста ќе биде голема и не треба да се очекува доминација на едниот или другиот тим. Цволе три и пол години нема победа дома против Вилем Втори.

Предлог тип: Х (3.70)

 

Оксер – Ле Ман (20.00 часот)

Во првото коло од втората француска лига, двата тима беа поразени, и примија по два гола. Домашниот терен е предност за Оксер, кој уште од 2006 година не загубил пред своите фанови од Ле Ман. Последните четири меѓусебни дуели им беа со два до три гола, а и според резултатите на овие тимови во пријателските мечеви летово, не треба да се очекува дожд од голови.

Предлог тип: 1 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести