Бриж на евтин начин прими прв гол во ЛШ, Мињоле веќе нема шанса за подвиг без примен погодок (Видео)

Мехди Тареми многу лесно прв ја затресе мрежата на Симон Мињоле во Лигата на шампионите и го урна и неговиот и сонот на Бриж дека може да биде првиот тим што завршил фаза по групи во Лигата на шампионите без примен погодок.

Напаѓачот на Порто само ја искористи лошата реакција на одбраната на Бриж и одличната асистенција на Отавио во 33-тата минута и рутински го совлада домашниот голман.

Досега Мињоле немаше примено гол речиси 400 минути, или цели четири кола во Б групата, па Тареми му го расипа планот да биде прв голман во историјата што комплетно се одбранил и не примил гол во фазата по групи во ЛШ.

Интер во меч од Ц групата води со 2:0 по првото полувреме против Викторија П’лзењ, а стрелци беа Мхитарјан и Џеко во последните десеттина минути.

https://twitter.com/LosB1ancos_/status/1585321766234492930?s=20&t=EGHT1U-sBugzQuGGt4ZwQA

Интер е пред значајна победа и ако триумфира против Викторија П’лзењ, а Барселона од 21 часот не го победи Баерн, ќе се пласира во нокаут-фазата заедно со германскиот првак кој веќе е осминафиналист во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести