Бројот 13 ќе ви биде најсреќен ако добиете iPhone XS на Спортска прогноза

Откако немаше прогнозери со 13 или 12 погодоци во првите две кола, можеби третото коло на Спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life ќе донесе среќа некому и ќе ја освои главната награда која ја доделуваме за најдобрите во секое коло. За сите прогнозери кои типуваат на интернет-страницата на Sport Life главната цел е да се погодат сите 13 основни парови и да се освои прекрасниот мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодени, наградата е вредносен ваучер од 1.000 денари.

Минатото коло имаше прогнозери со 11 погодоци во коло, што им донесе награда ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари.

Третото коло почнува утре, во 16 часот, со натпреварот Барнли – Норвич и тоа е терминот до којшто можете да прогнозирате. Ако имате дилеми, можете пред почетокот на првиот меч да направите корекција. Во понудата има неколку интересни дерби-мечеви, а во фокусот се градските дербија во Милано и Белград.

Прогнозирањето е бесплатно, можете лесно и едноставно да се приклучите на играта која е забавна, со можност да добиете вредни награди што ги доделува Sport Life. Единствен услов за учество во Спортска прогноза е да имате картичка од Sport Life. Доколку познавате некој што има картичка, а не игра Спортска прогноза, предизвикајте го и проверете кој е поуспешен во прогнозирањето.

Двата резервни натпревари се Ним – Тулуз и Вест хем – Манчестер јунајтед. Тие се бројат за генералниот пласман.

За дополнителни информации читајте Спорт Манија и бидете во тек со популарната игра и со третото коло во новата сезона на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести