Бруклин направи нешто што во НБА се нема случено од 2010 година

Кошаркарите на Бруклин стигнаа и до шестата победа во низа, а овојпат се радуваа на гостински терен кај Лос Анџелес клиперс со 112:108. Дуелот беше неизвесен до самиот финиш, но гостите предводени од Џејмс Харден се радуваа на победа. Популарниот Брада заврши со 37 поени и 11 скока, а секако тука беше и Ирвинг, кој постигна 28 поени.

Кај Клиперс најпрецизен беше Пол Џорџ со 34 поени, додека Кавај Ленард заврши со 29 поени и 13 скока, но тоа не беше доволно да се спречи поразот на домаќините. Бруклин е првиот тим од Истокот кој нанижал пет победи по ред на гостувања кај екипи од Западната конференција во последните 11 години.

Серијата на Мрежичките започна на гостувањето кај Голден стејт, а потоа ги победуваа и Сакраменто, Феникс, ЛА лејкерс и сега Клиперс.

Милвоки, предводен од Јанис Адетокумбо, без многу проблеми го победи Сакраменто со 128:115. Првата ѕвезда на домаќините, Адетокумбо, заврши со 38 поени и 18 скока, а одличен беше и Крис Мидлтон со 32 поени.

Резултати: Кливленд – Оклахома 101:117, њујорк – Минесота 103:99, Орландо – Детроит 105:96, Торонто – Филаделфија 110:103, Атланта – Денвер 123:115, ЛА клиперс – Бруклин 108:112, Милвоки – Сакраменто 128:115.

 

- Оглас -

Најнови вести