На едно коло до крајот на првенството во англиската Премиер лига Арсенал ја освои титулата. Топчиите дури 22 години чекаа да ја освојат титулата во домашното првенство, а тоа конечно се случи вечерва.
Борнмут одигра 1:1 против Манчестер сити, па Граѓаните останаа со четири бода зад Арсенал на едно коло до крајот. Дуелот кој се играше во Борнмут, со големо нетрпение го чекаат и гледаа фудбалерите на Арсенал и тоа сите заедно. Во моментот кога судијата означи крај на средбата, започна лудото шампионско славје на играчите на лондонскиот тим, сега веќе нов шампион на Англија.
We did it, together. pic.twitter.com/wQDp02LvLd
— Arsenal (@Arsenal) May 19, 2026

