Не стивнуваат реакциите за скандалозната прослава на фудбалерите на Вардар по триумфот против Струга Трим Лум кога во ресторан пееја непристојни песни, но Црвено-црните се подготвуваат за мечот од последното коло, во кое ги очекува дербито со Шкендија, иако овојпат ќе има речиси ревијален карактер.
Од таборот на Вардар доаѓаат непријатни вести за повреди. Михаил Маневски има скршеница на стапалото, а и Дарко Велковски е надвор од строј поради повреда на мускулот.
Заврши договорот на Фаустин, кој вечерва си заминал од тимот и нема да биде дел од последниот меч и прославата на титулата.

