Арсенал е нов шампион, Сити потклекна против Борнмут (Видео)

Арсенал е нов шампион на Премиер лигата, откако големиот конкурент Манчестер сити потклекна на претпоследниот чекор и ремизираше 1-1 на гостувањето кај Борнмут. Топчиите беа лидери во поголем тек од сезоната, но потоа направија два кикса со кои тимот на Пеп Гвардиола доби шанса за нов трофеј. Сепак, и Манчестер сити не успеа да остане перфектен до крајот, па славјето му припадна на Арсенал.

Борнмут вечерва на домашен терен одигра 1-1 против Манчестер сити и ја продолжи серијата од 17 натпревари без пораз.

Стрелец на водечкиот гол беше младиот напаѓач Ели Крупи јуниор, кој е желба на најголемите европски гиганти по одличната сезона во дресот на Борнмут. Тој погоди во 39-тата минута, а Сити не успеа да возврати брзо.

Ерлинг Халанд израмни во 95-тата минута, но немаше време и за победа.

- Оглас -

Најнови вести