Брукс ќе бие животна битка со ракот, фудбалскиот свет се обедини со поддршка за велшкиот репрезентативец

Велшкиот репрезентативец Дејвид Брукс ќе ја бие животната битка откако неодамна му е дијганостициран рак на лимфните жлезди, или Хочкинов лимфом во вториот стадиум.

Брукс минатата недела отсуствуваше од тренингот на репрезентацијата на Велс и мораше итно на медицински преглед, по кој стигна лошата вест.

Од следната недела ќе почне со терапија, објавија од неговиот клуб Борнмут, со надеж дека набргу повторно ќе го имаат на теренот.

Брукс има 24 години и од 2017 е репрезентативец на Велс со 21 настап за популарните Змејови.

Фудбалскиот свет се обедини со поддршка на Брукс да издржи и да ја победи болеста, па потоа и да се врати на терен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести