Бруно Акраповиќ после пет години се врати во Шкендија

Официјално, Босанецот Бруно Акраповиќ е нов тренер на Шкендија. Македонскиот фудбалски првак после дебаклот во европските купови, го разреши Ернест Ѓока, и на клупата го врати Акраповиќ, кој во минатото ги водеше тетовци, а си замина од таму пред пет години.

Акраповиќ кој има 53 години, ја водеше Шкендија во сезоната 2015/2016, а потоа работеше во РНК Сплит, Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија. Со Локомотив, двапати го освои купот на Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести