Германски економист има формула која секогаш го погаѓа светскиот првак, овојпат шокантно е кој треба да биде најдобар

Германскиот економист Јоаким Клемент во 2014 година создаде формула која предвиде дека неговата земја ќе го освои Светското првенство таа година. Формулата се покажа како точна и оттогаш точно ги предвиде победите на Франција во 2018 година и на Аргентина во 2022 година. Сега, само неколку недели пред турнирот во 2026 година, Клемент објави ново предвидување дека Холандија ќе биде крунисана за светски шампиони.

Неговиот комплексен предикативен модел за прв пат беше потврден кога Марио Геце го постигна победничкиот гол во последните минути од продолжението во финалето во Бразил, со што Германија победи со 1-0 над Аргентина. Потоа следеа точни предвидувања дека Франција ќе триумфира во Русија 2018 година и Аргентина во Катар 2022 година, што го прави неговиот модел 100% успешен.

Овој пат, формулата на Клемент предвидува дека Холандија, која се смета за релативен аутсајдер, ќе ја освои светската титула. Холанѓаните никогаш не го освоиле Светското првенство, но три пати биле второпласирани – во 1974, 1978 и 2010 година. На последното рангирање на ФИФА листата, Холандија се најде на седмото место, додека додека процентките на обложувалниците, Лалињата се дури како осми фаворит за освојување на златото. Главен фаворит е Шпанија, по што следат Франција и Англија.

„Бев изненаден кога мојот модел и симулации покажаа дека Холандија ќе победи. Особено затоа што симулацијата откри дека Холандија има исклучително тежок пат до финалето“, “, изјави Клемент за SBS Dutch.

На Светското првенство кое ќе започне за помалку од 20 дена а чии домаќини се Канада, САД и Мексико, за прв пат ќе учествуваат 48 екипи. На турнирот ќе се одиграат 104 натпревари во период од 11 јуни до 19 јули. Натпреварувањето ќе започне со 12 групи од по четири екипи, при што првите две екипи и осумте најдобри третопласирани екипи ќе се пласираат во нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести