Бруно Фернандеш упорно ги одбива понудите од Саудиска Арабија, решен е да остане во Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец, Бруно Фернандеш, одбил повеќе од две понуди од екипи од Саудиска Арабија, објави новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за фудбалски трансфери.

Според Романо, повеќе од два тима од Саудиска Арабија му понудиле богатство на Португалецот, но тој ги одбил бидејќи сака да остане во Манчестер јунајтед и следната сезона да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Минатата сезона, Бруно Фернандеш беше еден од најдобрите играчи на Јунајтед постигнувајќи 14 гола и имаше 15 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести