Бруно Фернандеш повторно диригираше на импресивен начин со играта на Манчестер јунајтед и со гол и асистенција беше лидер во победата на Црвените ѓаволи против Њукасл со 3:1.
Португалецот ја имаше клучната асистенција до Даниел Џејмс во 57-мата минута за предност од 2:1, со што беше скршен отпорот на гостите.
https://twitter.com/LiveFBHD/status/1363583188182917131?s=20
Потоа и сам погоди од пенал во 75-тата минута, со 15-тиот гол сезонава во Премиер лигата, со што е втор стрелец зад Мохамед Салах со 17.
https://twitter.com/Dammyte/status/1363591394581962757?s=20
Претходно во првото полувреме, Маркус Рашфорд со прекрасен соло продор си напарви ситуација за водечки погодок за домаќините во 30-тата минута, а израмни Сент Максиман со гол во 36-тата минута.
WHAT A GOAL BY MARCUS RASHFORD..https://t.co/hDDFV4ln67
— ً (@TheFergusonWay) February 21, 2021
Манчестер јунајтед со победата се врати на второто место со 49 бода, колку што има и Лестер, а и двете екипи заостануваат за 10 бода зад лидерот Манчестер сити по 25 кола во Премиер лигата.
Њукасл остана една позиција над опасната зона со 25 бода, три повеќе од Фулам, 11 од ВБА и 14 од фенерџијата Шефилд јунајтед.