Бруно им возврати на тие што го критикуваат: На телевизија секогаш изгледа многу лесно

Бруно Фернандеш дојде во Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок и само за половина година во тимот успеа да ја добие наградата за најдобар фудбалер за минатата сезона на „Олд Трафорд“. Офанзивниот играч од средината на теренот веднаш ја доби и довербата да ги изведува пеналите и тоа се покажа како вистинси потег.

Португалецот досега има реализирано осум пенали за Манчестер, а во профи кариерата од 30 изведени удари од белата точка, успеал да промаши само двапати. Освен фановите, има и од оние кои не го сакаат Фернандеш, па тие го критикуваа дека погодува само од пенал, на што фудбалерот веднаш возврати.

„Луѓето велат дека погодувам само од пенал, но кога другите даваат голови од пенал, нема такви реакции. И пеналите се дел од играта. Пеналот е шанса за погодок, но тоа не е гаранција дека 100 отсто ќе биде гол. Едноставно треба да погодиш. Не е лесно затоа што некогаш мечевите се губат поради тие пенали. Манчестер јунајтед во 2008 година стана европски првак благодарение на пеналите. За повеќето луѓе лесно е да седат пред телевизор и да зборуваат колку е лесно да се погоди. Гледате лево кон голот, а шутирате десно, така ли е?“, коментира Фернандеш, кој додаде дека нема да има проблем и ако некои други од соиграчите добијат шанса да шутираат пенали место него. Најважно е пеналот да биде претворен во погодок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести