Бруно: Можев да завршам во Тотенхем, но…

Бруно Фернандеш во изминатиот зимски преоден рок си го оствари сонот со трансферот во Манчестер јунајтед и не згреши што ги одбра Црвените ѓаволи. Португалскиот плејмејкер веднаш ја доби довербата од тренерот Солскјер, а тој возврати со два гола и три асистенции само на пет меча во Премиер лигата, што е добар знак дека инвестицијата од 55 милиони евра набрзо ќе се оправда.

Сепак, кариерата на Бруно можеше да има сосема различен тек на настаните доколку Спортинг Лисабон се договореше со Тотенхем. Фернандеш откри дека минатото лето бил блиску до преселба во редовите на Петлите, меѓутоа лисабонските Лавови барале висока отштета.

„Тотенхем беше блиску да ги осигури моите услуги, меѓутоа не се најде заеднички јазик околу цената. Имаше понуди и од Франција и Шпанија, но кога разбрав за интересот на Манчестер јунајтед, веќе се одлучив. Не сакав да преговарам со ниту еден друг клуб, само сакав да си го остварам сонот да заиграм за Јунајтед во Премиер лигата“, истакна Фернандеш.

 

- Оглас -

Најнови вести