Брутален старт на Бразилецот од Валенсија, добро е што Винисиус не заработи скршеница (Видео)

Реал Мадрид со 2:0 ја победи Валенсија благодарение на погодоците на Марко Асенсио и Винисиус Јуниор на почетокот на вториот дел. Посебно атрактивен беше погодокот на Асенсио постигнат од голема далечина.

Со тој погодок Реал го скрши отпорот на гостите, а веднаш потоа на погодок се израдува и Бразилецот. Дваесетина минути по погодокот за 2:0, Винисиус беше цел на страшен старт од Габриел Паулиста.

Бразилскиот дефанзивец на Валенсија не го штедеше својот сонародник од Реал Мадрид и многу остро старуваше, делувајќи како да сака да го повреди. Откако не успеа да го фаулира со едната нога, Паулиста високо ја крена и втората нога и го фаулира Винисиус јуниор. Судијата веднаш покажа црвен картон и го избрка од игра фудбалерот на Валенсија.

https://twitter.com/i/status/1621264281651011584

 

- Оглас -

Најнови вести