Реал победи, а голот на Асенсио уште долго време ќе се покажува (Видео)

Реал Мадрид со 2:0 славеше над Валенсија во меч од првенството на Шпанија. Со овој триумф, Кралскиот клуб се врати на пет бода заостанување зад лидерот Барселона.

Валенсија успеа едно полувреме добро да им одолева на нападите на домаќините, а отпорот на гостите беше скршен во 52-рата минут,а и тоа со спектакуларен погодок на Марко Асенсио. Со шут од над 25 метри, Асенсио на атрактивен начин донесе радост за домашните фанови.

Само стотина секунди по првиот погодок, следуваше нова радост за домаќините. Винисиус Јуниор погоди за 2:0. На двата погодоци, асистент беше Карим Бензема.

На половина од првенството на Шпанија, Реал Мадрид освои 45 бода, пет помалку од лидерот Барселона, а шест повеќе од третопласираниот Реал Сосиедад.

Кралскиот клуб по овој меч ќе се фокусира на Светското клупско првенство, каде што се големи фаворити да стигнат до трофејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести