Брутален судир: Девојка сакаше да претрча пред целната линија кога се појави велосипедист (Видео)

Шпански велосипедист и една гледачка беа дел од брутален судир на самата целна рамнина од трката на Канарските острови. Двајцата учесници во судирот завршија со брутален пад на бетонот и се повредија.

Велосипедистот беше прв и во полн спринт требаше да влезе во целта, кога ненадејно девојката реши да претрча преку улицата и токму во тој момент се случи судирот. Велосипедистот завршил во болница, а девојката, која е виновник за несреќата, по дадената помош е пуштена на домашно лекување.

- Оглас -

Најнови вести