Брутални сцени во Мексико: Крв на сите страни, ќе ги линчуваат гостинските навивачи (Видео)

Крвави сцени беа причина за прекинување на мечот од мексиканската прва лига меѓу Сан Луис и Керетаро. Гостите имаа водство од 2:0 на пет минути пред крајот, кога започна дивеењето на навивачите. Толпа фанови на домашниот тим влегоа на теренот, а потоа тргнаа и кон делот на трибината на коjшто беа гостинските навивачи.

Полицијата беше немоќна да го спречи налетот на разулавените фанови, а според информациите, дури 37-мина од нив завршиле во болница, а фотографиите и видеата покажуваат дека нападот бил застрашувачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести