Брутално апсење на кошаркар на Њу Орлеанс пеликанс (видео)

Џексон Хејс, центарот на Њу Орлеанс пеликанс, пред неколку дена беше уапсен по пријава за неред во својот дом, а сега се појави видео од апсењето во кое се гледа прекумерна употреба на сила од страна на полициските службеници.

Видеото покажуа како тројца полицајци се обидуваат да го смират Хејс за да му стават лисици, по што еден од нив употреби пиштол за електрошок со цел да го смири осомничениот.

Полицијата на Лос Анџелес го истражува случајот за прекумерна употреба на сила, но според извештајот, полицајците морале да реагираат на таков начин бидејќи Хејс одбивал да соработува и наводно турнал еден од службениците.

Пред да биде однесен во станица, Хејс бил на прегледи во болница за да се утврдат потенцијални повреди околу вратот, додека е ставена кауција од 25 илјади долари за да биде ослободен.

- Оглас -

Најнови вести