Брутално забивање преку највисокиот кошаркар во Евролигата (Видео)

Кошаркарите на Уникс Казан славеа против Алба Берлин со 85:71, во меч на кој домаќините направија голем пресврт. Гостите од Берлин во еден дел од првото полувреме имаа водство од 34:18, но негативата од 16 поени, Уникс Казан на крајот ја претвори во победа од 14 поени.

Потегот на мечот го имаше Марио Хезоња кој во втората четвртина го изведе најатрактивното забивање сезонава. Играчот на Уникс тргна на забивање, а пред него се најде 224-сантиметри високиот Крист Кумаџа.

Хезоња не само што не се уплаши туку брутално заби преку највисокиот кошаркар во Евролигата.

 

- Оглас -

Најнови вести