Брз и бесен – Медведев освои гејм за само 29 секунди (Видео)

Данил Медведев го загуби натпреварот со Лука Пуј на „Мерцедес купот“ во Штутгарт, но го привлече вниманието на целиот свет, со тоа што во финишот на мечот, на свој сервис доби гејм кој траеше само 29 секунди.

Пуј беше на прагот на победата и делуваше незаинтересирано, му дозволи на Медведев да отсервира четири аса по ред и да го добие гејмот за да намали на 2-5 во третиот сет. Потоа во следниот гејм сервираше Пуј и Французинот дојде до победата.

Лани во Синсинати, Ник Кирјос освои гејм за 37 секунди, па овој на Медведев е можеби и рекорден во поновата тениска ера.

Погледнете го гејмот кој траеше пократко од било кој друг што сте го виделе на турнир на кој играат квалитетни тенисери:

- Оглас -

Најнови вести