Брзечек: Пјонтек влезе во игра за да даде гол

Еден директен удар во рамките на голот на Македонија и тоа беше погодок за Полска, доволно за триумф од 1:0 на стадионот „Тоше Проески“. По ваквиот епилог на крајот, гостинскиот селектор Јиржи Брзечек беше задоволен, бидејќи неговата селекција останува лидер во групата со максимални девет бода од три средби.

Голгетерот на Милан, Кжиштоф Пјонтек влезе во игра во второто полувреме и по 60-тина секунди на теренот, успеа да даде гол.

„Влегувањето на Пјонтек во вториот дел беше како реакција на начинот на нашата игра во првото полувреме. Имавме неколку добри ситуации, но немавме точно проигрување на крајот. Требаше човек за реализација. Нашите први полувремиња секогаш беа послаби во овие квалификации. Македонија имаше шанси, создаваа играа. Добро е, од три меча имаме максимални девет бодови и тоа е најважно. Пред следните мечеви ќе ги корегираме недостатоците во играта“, вели селекторот на Полска, Јиржи Брзечек.

- Оглас -

Најнови вести