Брзо се вртат работите на ЕП – Од смртни закани до најдобар стрелец и улога на јунак во големата шпанска победа

Алваро Мората мина цел круг од сериозни закани за него и за неговото семејство до јунак на Шпанија откако во 100-тата минута постигна гол со кој Црвената фурија го скрши отпорот на одличната Хрватска во највозбудливиот меч досега на ЕП.

Шпанците победија со 5:3, со два гола во првото продолжение, откако во регуларниот дел на драматичен начин дозволија ривалот со два гола во финишот да им ја анулира предноста од 3:1 и да израмни на 3:3.

Мората досега имаше скромен учинок, а дури се пожали дека добива и смртни закани упатени кон него и кон неговото семејство. Вечерва успеа да биде во многу поинаква улога и сега Шпанците го слават како еден од јунаците во победата од 5:3 против светските вицешампиони што ѝ донесе место во четвртфиналето на Црвената фурија.

За Мората голот во 100-тата минута, со кој Шпанија поведе со 4:3, е втор на ова Европско првенство и вкупно петти, со што се израмни со Фернандо Торес како двајца најефикасни шпански репрезентативци на континенталните шампионати.

- Оглас -

Најнови вести