Будуќност по поразот од Борац по кој МЗТ Скопје испадна од АБА, го отпушти тренерот кој роден во Чачак

Поразот на Будуќност од Борац Чачак од 85:87 во последното коло од регуларниот дел во АБА лигата со кој македонскиот шампион МЗТ Скопје испадна од регионалното натпреварување, значеше отказ за тренерот Владимир Јовановиќ.

Јовановиќ, кој е роден токму во Чачак, не ја оствари целта, осминафиналето во УЛЕБ Еврокупот да го игра на домашен терен во салата „Морача“ и ја помине првата фаза, а неговиот тим не воодушеви ниту во АБА лигата.

Будуќност цела сезона играше променливо, доживуваше чудни порази, а победуваше кога беше најгусто.

По поразот на Будуќност од Борац Чачак кој обезбеди бараж за опстанок, управата на црногорскиот тим му врачи отказ и во плејофот, екипата ќе биде предводена од нов тренер. Како најсериозен кандидат за наследник на Јовановиќ се споменува тренерот на СЦ Дерби, Петар Мијовиќ.

- Оглас -

Најнови вести