Буфон: Ди Марија ако дојде во Јуве ќе биде како Марадона во Серија А

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон верува дека доколку Анхел ди Марија потпише во гигантот од Торино, тоа би било многу добар трансфер за Старата дама. Според Буфон, Ди Марија е одличен играч кој во овој момент би бил како во Серија А да пристигнал Диего Армандо Марадона.

„Сега Ди Марија за Серија А е како Марадона. Тој е решителен пред противничкиот гол, лесно ги поминува противниците, дава асистенции и може да игра на различни позиции“, вели Буфон кој има 44 години и уште не планира да сопре со активното бранење.

„За мене возраста нема големо значење. мотивацијата и страста ми се многу поважни“, додаде Буфон.

Ди Марија од 2015 година беше дел од Пари Сен Жермен, а летово е слободен играч и може да одбере нов клуб без никаква трансфер оштета. Аргентинскиот репрезентативец минатата сезона одигра 31 меч за Светците и даде пет гола, а имаше и девет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести