Буфон фрли „бомба“: Стигнавме до крајот на патот, си одам од Јувентус!

Славниот 43-годишен голман Џанлуиџи Буфон по завршувањето на сезонава во Серија А, ќе го напушти Јувентус, но нема да се пензионира. Популарниот Џиџи ја потврди оваа информација. Буфон кариерата ја почна во Парма во 1995 година, во 2001 премина во Јувентус, потоа замина во ПСЖ, но остана само една сезона пред летото 2019 да се врати во најтрофејниот италијански клуб.

„Мојата иднина е јасна и дефинирана. Прекрасната и долга врска со Јувентус завршува со завршувањето на оваа сезона. Или ќе престанам да играм и ќе се свртам кон поинаков живот, или ќе размислам за опција која ќе ме мотивира и понатаму да бранам. Чувствувам дека му дадов сè на Јувентус, а и добив сè од него, веќе нема што повеќе да се направи. Стигнавме до крајот на патот“, изјави Буфон.

Буфон со Јуве освои 10 титули во Серија А, но Лигата на шампионите ќе му остане како неисполнета желба во богатата кариера. Последниот настап на Буфон во дресот на Старата дама ќе биде на 19 мај, во финалето на Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести