3.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Буфон ја откри разликата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо: „Не може да се споредуваат“

Помеѓу фудбалските љубители и навивачите постои вечна дилема: Кој е подобар, Меси или Роналдо? Ова прашање му беше поставено и на легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, кој даде интересен одговор.

„Тоа се двајца потполно различни фудбалери. Меси е покомплетен, има поголеми технички квалитети и визија за играта која е поблиска до плејмејкер, отколку до напаѓач. Кристијано во последните години се профилираше на убиец во казнетиот простор. Подобро управува со својата енергија и кога ќе добие топка во шеснаесетникот, ретко греши. Во таква ситуација речиси секогаш е гол.“ – вели Буфон.

- Оглас -

Најнови вести